Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната велеслалом трка во Аделбоден, но во фокусот на вниманието беше падот на Французинот Виктор Муфат-Жанде. Во второто возење, францускиот скијач со една од скиите закачи во една од капиите на патеката и изгуби рамнотежа. Муфат-Жанде со главата удри во земја и се лизгаше неколку десетици метри, пред да сопре во заштитната ограда.
На поведениот скијач веднаш му беше укажана помош, а потоа со хеликоптер беше пренесен во болница. Спред првичните информации, повредите не се сериозни.
https://twitter.com/i/status/1611724251387629578
За победникот Одермат ова беше 11-ти триумф во велеслалом, а вкупно 17-ти во кариерата. До последниот триумф стигна со време од 2:30.68 минути, што беше за 73 стотинки подобро време од второпласираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка, додека трет заврши Лоик Милард од Швајцарија со заостанување од 1,66 секунди зад победникот.
Одермат е прв и во вкупниот поредок со 1.046 поени, пред Килде од Норвешка кој има 646 поени и Кристоферсен кој досега освои 565 поени.