Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години загуби во четвртфиналето од Словенија со убедливи 63:36. Пулените на Јелена Антиќ немаа сили за сензација, па нивната авантура во ЕП во Б дивизијата завршува тука.
Клучна беше воведната четвртина во која нашите кошаркарки постигнаа скромни 4 поени, а примија 17. Словенија и третиот период го доби со двоцифрени 23-12, што беше само потврда дека ќе се пласираат во топ 4 фазата на убедлив начин.