16.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Тежок удар за Барса пред реваншот од Купот против Атлетико

Роберт Левандовски ќе го пропушти полуфиналниот натпревар од Купот на Кралот во вторник помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, каде што Каталонците ќе пробаат да ја надоместат големата негатива од 0-4 од првиот натпревар на „Метрополитано“.

Барса денеска објави дека напаѓачот заработил фрактура на лицето за време на натпреварот против Виљареал и нема да биде достапен за натпреварот против Атлетико.

„Играчот на првиот тим, Роберт Левандовски, претрпе повреда на главата на вчерашниот натпревар против Виљареал. Тестовите спроведени денес дијагностицираа фрактура на коската на внатрешната страна од неговата лева очна празнина. Тој ќе го пропушти натпреварот во вторник против Атлетико Мадрид“, се вели во соопштението.

Клубот не прецизира колку долго Полјакот ќе биде надвор од терените.

Наредниот викенд Барселона игра со Атлетик Билбао, но сепак главната цел е напаѓачот да биде достапен за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Њукасл на 10-ти март.

Освен Левандовски, кај Барса против Атлетико ќе ги нема и Френки Де Јонг и Ерик Гарсија, плус Гави и Кристенсен.

- Оглас -

Најнови вести