15.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Тежок удар за Барселона пред Ел Класико

Барселона дефинитивно ќе биде без тренерот Ханси Флик на престојното Ел Класико кое ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа стана јасно откако Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација ја отфрли жалбата од каталонскиот гигант за црвениот картон на Флик заработен во претходното коло против Жирона.

Тренерот на Барселона доби два жолти картони, па автоматски заработи и црвен картон поради негодувања за време на мечот против Жирона во 10 коло. Каталонскиот гигант кој беше голем фаворит на тој меч, до победата стигна со гол во 90+2 минута кога погоди Роналд Араухо за освојување на трите бода.

Ел Класико ќе се игра на 26 октомври, а Реал Мадрид на овој меч влегува како лидер со 24 бодови, додека Барселона е второпласирана со два бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести