Тежок удар за Дортмунд: Вицел го пропушта остатокот од сезоната

Заврши сезоната за Аксел Вицел, играчот за врска на Борусија Дортмунд, кој вчера се здоби со тешка повреда во победата од 3-1 на гостувањето кај Лајпциг, потврдија од таборот на бундеслигашот.

Белгискиот репрезентативец ја оштети Ахиловата пета, по што му следува повеќемесечна пауза.

Милионерите го загубија важниот играч за остатокот од сезоната, во кој екипата без него ќе продолжи да се бори за шампионската титула во Бундеслигата, а воедно ќе ги одмери силите со Севилја во осминафиналето од Лигата на шампионите.

https://twitter.com/BVB/status/1348285306844409856

Вицел пред повредата забележа вкупно 22 настапи во сите натпреварувања, во кои реализира еден погодок, и тоа во меч од ЛШ, додека во германското првенство уште нема отворено сметка.

- Оглас -

Најнови вести