Тежок удар за Јувентус – Погба ќе мора да оди на операција на коленото, паузата е најмалку два месеца

Пол Погба ќе мора да оди на операција на повреденото десно колено, што ќе значи пауза од најмалку два месеца и пропуштање на стартот на сезоната во Серија А.

Играчот што ги израдува навивачите на Старата дама со кам-бекот ова лето сега донесе лоши вести за црно-белите од Торино.

Во Јувентус се надеваа дека повредата на еден од тренинзите не е сериозна, но дополнителните прегледи велат дека ќе мора да оди на операција на коленото.

Погба е со Јувентус на американската турнеја, но нема да игра ноќеска против Барселона и е најавено дека ќе се врати во Торино.

Ако сè биде в ред, се очекува Погба да се врати на фудбалските терени во октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести