Тежок удар за Реал Мадрид, Зидан остана без силен адут до крајот на сезоната

Дани Карвахал ја заврши сезоната и нема да игра за Реал Мадрид ниту на реваншот против Челзи на 5 мај во полуфиналето на Лигата на шампионите, но и на натпреварите од шпанското првенство.

Шпанскиот репрезентативец се повреди на првиот меч против Челзи завчера во Мадрид и сè уште не се знае колку ќе биде долга паузата. Шпанските медиуми објавија дека има проблеми со мускулот, но не прецизираат докрај за тежината на повредата.

https://twitter.com/MARCAinENGLISH/status/1387746246207709185?s=20

Карвахал цела сезона се мачи со повреди и вкупно одигра само 15 натпревари за Реал, 13 од нив во Ла Лига, што е убедливо најмалку во 8-годишниот престој во редовите на Кралскиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести