Од таборот на Шведската фудбалска федерација потврдија дека Дејан Кулушевски е позитивен на корона-вирусот, по што креативецот со македонски корени нема да може да настапи во премиерниот меч на Шведска против Шпанија на Европското првенство.
Кулушевски дефинитивно нема да игра на 14 јуни, но се очекува да закрепне за дуелите против Словачка и Полска во второто и третото коло од групната фаза. Според информациите, Кулушевски се заразил со вирусот додека бил на одмор, а утринава покажал симптоми на настинка, по што веднаш му бил направен тест.
Ова е тежок удар на Швеѓаните кои во првото коло ќе мора да ги одмерат силите против фаворизираната Црвена фурија, а отсуството на младата ѕвезда дефинитивно ги отежнува плановите да се стартува со добар резултат на континенталниот собир.