ТФТ даде само 17 поени во второто полувреме против Широки

ТФТ од Скопје го претрпе седмиот пораз во деветтиот настап во АБА 2 лигата, овојпат од Широки Бријег со 58-81.

На мечот на турнирот во Бања Лука, Тафталиџани добро се држеа во првото полувреме, кое го добија со 41-38, но во третата четвртина се случи тотален крах во нападот, ТФТ даде само 4, а прими 22 поени.

Во целото второ полувреме, ТФТ даде само 17 поени, а да не беше тројката на Ташовски во последниот напад на Црно-белите, бројката ќе беше уште попоразителна.

Костоски со 14 поени беше најефикасен кај ТФТ, а Андерсон и Бишоп постигнаа по 10. Плејофот е далеку за скопјани, но добра шанса да биде во топ 8 има Пелистер, кој по осум меча има 5-3.

- Оглас -

Најнови вести