Екипата на ТФТ ја победи Сутјеска во Никшиќ со 93-88, во првиот меч од полуфиналето на АБА 2 лигата, а вториот дуел се игра за една недела во Скопје и Црно-белите од населбата Тафталиџе ќе имаат прилика да обезбедат финале. Првакот на АБА 2 директно оди во главната јадранска лига, а поразениот финалист ќе игра бараж со претпоследниот од АБА лигата.
Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски со 28 поени беше најефикасен кај ТФТ, а двоцифрен број на поени имаа и Гордон, Дејвис, Говенс и Стојаноски.
На трибините во Никшиќ беше раководството на АБА лигата на чело со Драган Бокан кој е Црногорец и во живо ја видоа феноменалната претстава на тимот на Боро Смилковски. Во првото полувреме ТФТ даде 59 поени и си го отвори патот до триумфот.

