ТФТ и МЗТ во битка за врвот, квотите за победа ќе шокираат многумина

Како ретко кога, екипата на МЗТ Скопје Аеродром не е фаворит за победа во меч од домашното првенство според квотите во Sport Life.

Актуелниот македонски првак му гостува на лидерот ТФТ, но Металците немаат ниеден пораз на терен сезонава, загубија само службено од Ангели поради една голема административна грешка на управата, па сами се доведоа во непријатна ситуација. ТФТ ќе биде домаќин, но само на хартија, средбата на овие два скопски тима ќе се игра далеку од главниот град, во салата „НБ Ноел“ во Негорски Бањи.

Кој и да победи, ќе биде прв на табелата и ќе има убава шанса од таму да стартува и во плејофот.

Вечерва се играат три интересни меча и во Евролигата и победникот никаде нема да се знае однапред. Лидерот Фенербахче гостува во Белград кај Црвена ѕвезда, која се бори за место во плејофот и мечот е поважен за српскиот отколку за турскиот тим.

Макаби има четири победи по ред, и исто како и Милано, посакува да се пробие уште поблиску до Топ 10. Домаќините се благи фаворити и на Барса – Хапоел. Каталонците имаат три порази по ред. Ова се два тима кои имаат ист број победи, но Хапоел има одиграно и два меча помалку.

Во Sport Life има богата понуда на игри за Евролигата. Може да се обложите и на број на поени на играчи, како и на број на тројки, фаули, скокови и асистенции на секој од тимовите.

- Оглас -

Најнови вести