Кошаркарите на ТФТ дојдоа до третата победа во АБА-2 лигата, откако славеа убедливо со 62-80 на гостувањето кај Борац во Бања Лука. Екипата од Скопје со оваа победа фати приклучок за осмата позиција на табелата, која носи пласман во разигрувањето.
Првото полувреме мина во израмнета игра, а двете екипи се менуваа во водство, но ТФТ замина на паузата со водство од 31-35. Во вториот дел ТФТ постојано беше во водство, а предноста постојано растеше.
Избраниците на Боро Смилковски во финишот од третата четвртина за првпат дојдоа до двоцифрена предност, а пред крајот на мечот ги имаа и највисоките +21 поен разлика.
Џастин Гордон со 28 поени беше убедливо најдобриот поединец на паркетот.
Екипите на Широки, Златибор, Домжале и Сутјеска имаат ефект од четири победи и еден пораз по пет кола, додека МЗТ Скопје, ТФТ, Слобода, Војводина и Борац имаат по три победи и два порази.

