ТФТ ниже порази во АБА2-лигата

Кошаркарите на ТФТ го доживеаја осмиот пораз во деветттиот меч во АБА2-лигата, откако вечерва загубија од Спартак Суботица со убедливи 64:93.

Ова воедно е петти пораз по ред за македонскиот претставник, кој остана закован на последното 14-то место на табелата.

Најдобра за кошаркарите на ТФТ беше првата четвртина, која заврши со нерешени 20:20, но од втората четвртина, па сè до крајот на паркетот доминираа играчите на Спартак Суботица.

ТФТ во наредните две четвртини постигна вкупно 29 поени наспроти 49-те на противникот, со што беа решени сите дилеми околу победникот.

Најдобар кај ТФТ беше Луис со 15 поени, додека Николов даде 12, а кај Спартак Суботица најпрецизен беше Церовина со 21 поен.

- Оглас -

Најнови вести