Кошаркарите на ТФТ се поразени од Хелиос со 83:70 петтото коло од АБА2-лигата. Ова е четврти пораз за ТФТ во првите пет кола по што тимот се наоѓа на претпоследното 13-то место на табелата.
ТФТ одигра одлично прво полувреме кое го доби со 40:33 и тоа благодарение на втората четвртина која ја реши во своја корист до 20:10.
Но, слабата игра во третата четвртина во која избраниците на тренерот Боро Смилковски постигнаа само 10 поени, ги чинеше пораз. Хелиос ја врати предноста, и во последната четвртина со серија од 0:7 дојде до 58:65 на две минути до крајот на мечот.
Најдобар кај ТФТ беше Симонс со 21 постигнат поен, додека Ташовски даде 12, а на спротивната страна се истакна Миртиќ со 20 поени и 16 скока.