Вечерашниот пораз од досегашниот „фенерџија“ Шибенка, за екипата на ТФТ од Скопје значеше симнување на последното место во регионалната АБА 2 лига.
Тафталиџани загубија од хрватскиот тим со 76-89, па сезонава ја завршуваат со само две победи (против Шенчур и Цедевита јуниор) и 11 порази. И Шибенка има две победи, но подобра е од ТФТ во меѓусебниот дуел и ќе го избегне последното место.