Екипата на ТФТ Скопје стигна до деветата победа во 10 коло од Прва кошаркарска лига на Македонија, откако со 90:86 славеше над Тиквеш. По неизвесната прва четвртина (21:20), гостите поведоа со 25:24, а потоа следуваше одлична игра на ТФТ и со серија од 13:2 стигна до двоцифрено водство од 38:27.
Домаќините постојано го контролираа водството, во последната четвртина имаа и предност од 80:69, но завршницата беше неизвесна. Тиквеш намали на 87:85, но ТФТ не дозволи да загуби во мечот на кој водеше речиси постојано.
МЗТ Скопје Аеродром убедливо со 92:63 го победи Феникс, а Пелистер го демолираше Вардар на гости со 90:59. На гости се радуваше и Кожув кој победи против Шкупи со 81:69.
Во последниот меч од ова коло Работники беше подобар од Гостивар со 77:76.