ТФТ Скопје го загуби премиерниот историски меч на евросцената, и тоа против Кемниц со 77:96. Македонскиот колектив којшто се понуди да биде организатор на квалификациите за ФИБА Лигата на шампионите едноставно немаше сили за сензација над поквалитетниот германски ривал.
Гостите ја имаа резултатската контрола речиси во текот на целата средба, а победникот беше веќе познат по првото полувреме (28:46).
Најефикасен играч во редовите на нашиот тим беше Страхил Николов, којшто уфрли 11 поени, додека Марко Филиповити и Арнас Величка од редовите на гостите беа најефикасни со по 15 поени.
Сепак, ова за ТФТ може да биде само позитивно искуство коешто ќе можат да го искористат во домашниот шампионат за да им се спротистават на останатите ривали за висок дострел.