ТФТ Скопје се израдува на првата победа во АБА 2 лигата

Екипата на ТФТ Скопје славеше над Цедевита со 78:68, во рамките од третото коло на АБА 2 лигата. Добро започна ТФТ и поведе со 5:0, но за кратко време противникот беше тој што имаше пет поени позитива (17:12).

Во продолжение на мечот, двете екипи неколку пати се менуваа во водство, а во последните 10 минути, ТФТ влезе со предност од 58:57. Потоа беше 61:60, а потоа ТФТ поведе со 65:60, а кога стигна до предност од 70:64, веќе се наѕираше победникот.

Симонс со 19 поени и пет скока беше најдобар кај ТФТ, а со двоцифрен број поени беа и Ташовски (13 поени) и Верц со 11 поени. Кај Цедевита најефикасни беа Карачиќ и Коси со по 16 поени, а Кучиќ даде еден помалку.

Во следното коло ТФТ игра македонско дерби против Пелистер, и тоа на 17 ноември.

- Оглас -

Најнови вести