Екипата на ТФТ Скопје се покажува како недостоен противник за настап во АБА 2 лигата, откако втор пат за три дена загуби убедливо со 19 поени разлика. Вечерва, ТФТ не можеше да му парира на противникот Широки Бријег, па конечниот резултат беше 85:66 во корист за противникот.
Само во стартните неколку минути ТФТ држеше ритам кога беше 10:9, а потоа Широки со сигурна игра, прв пат стигна до двоцифрена предност од 23:13, а до крајот на првата четвртина разликата се зголеми на дури 15 поени (32:17).
Високи 26 поени предност имаше Широки во втората четвртина кога беше 49:23, што само беше показател на разликата во квалитет на двата тима. Највисоката предност Широки ја имаше во третиот период кога беше 65:38, а потоа малку падна темпото на тимот кој доминираше на паркетот, за да на крајот сепак разликата е 19 поени.