Екипата на ТФТ Скопје на свој терен ќе игра против Чаир во четвртиот меч од четвртфиналето во кошаркарскиот плејоф на Македонија. ТФТ има предност од 2:1 во победи и потребно му е уште еднаш да слави за да се пласира во полуфиналето.
Чаир го доби првиот меч на свој терен, но потоа ТФТ направи брејк на гости и потоа се радуваше дома, па сега повторно пред своите навивачи има меч-топка за да го елиминира овој ривал. Чаир од минатата сезона е во елитната лига и во досегашните седум средби на овие два тима, ТФТ има пет победи.
Освен овој дуел од плејофот, денеска се играат и два меча во плејаутот. Охрид е домаќин на Вардар во меч на кој домаќините имаат еден бод повеќе од Црвено-црните, но и тоа е доволно за Езерџиите да се на позиција за опстанок, а Вардар да е последен.
Во вториот меч, Академија ФМП на свој терен игра против Кожув, кој е најкомотен затоа што има две победи повеќе од зоната за испаѓање.