ТФТ тргна со убедлив пораз во АБА 2 лигата

Првата и последната четвртина беа лошо одиграни и заедно со огромната разлика во слободните фрлања беа клучни за поразот на ТФТ од српски Златибор со 74-93 во првото коло на новата сезона во АБА 2 лигата.

Овој меч се одигра на турнирот во Суботица, каде утре ќе настапи МЗТ Скопје Аеродром, а задутре првиот меч сезонава во втората јадранска лига ќе го одигра и Пелистер.

Црно-белите од скопско Тафталиџе одиграа лоша одбрана во првиот квартал кога примија 33 поени и се најдоа во двоцифрена негатива која никако не успеваа да ја стопат.

Николов со 17 и Луис со 11 поени беа најефикасни кај ТФТ. Клучната разлика во статистиката на двата тима беа слободните фрлања. ТФТ направи шест фаули повеќе, а Златибор изведе 30 слободни, додека македонскиот тим само 11.

- Оглас -

Најнови вести