10.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

ТФТ убедливо го победи Студент и веќе е сигурен учесник во плејофот во АБА 2

ТФТ Скопје ја оствари третата последовна победа во АБА2 лигата, потврдувајќи ја одличната форма и сигурниот пласман во плејофот. Македонскиот тим на домашен терен ја декласира екипата на Студент М-тел со убедливи 107-79 и се искачи на делба на третата позиција на табелата.

Само со едно коло до крајот на лигашкиот дел, ТФТ е веќе сигурен учесник во плејофот, каде што ќе се бори за место во елитата.

Натпреварот го отвори тимот на тренерот Смилковски со високо темпо. Американецот Гордон беше вистинска енигма за гостите, постигнувајќи 16 поени во првата четвртина и носејќи ја екипата до предност од 11 поени (29-18).

Во продолжението, Гордон доби поддршка од Дејвис Стенли, а водството на ТФТ постојано растеше. Иако не се стигна до 20+ поени разлика, предноста од 18 поени на полувремето (50-32) обезбеди мирен втор дел.

Гостите од Босна и Херцеговина и во второто полувреме не успеаја да се спротивстават, забележувајќи го третиот пораз во низа, додека ТФТ со петтата победа го зацврсти третото место на табелата.

Дури петмина кошаркари на ТФТ завршија со двоцифрен ефект, предводени од Гордон со 24 поени, следен од Стенли со 17 и Ташковски со 14 поени. Во последното коло од лигашкиот дел скопјани ќе се сретнат со Јахорина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести