Ти благодариме Пол, Манчестер јунајтед се прости од Погба!

Манчестер јунајтед по вторпат останува без Пол Погба и по вторпат Французинот си заминува како слободен играч. Првиот пат премина во Јувентус, а и сега Јуве е главен кандидат за негов потпис, но во трката е и Пари Сен Жермен.

Погба во овој втор мандат шест години беше во Јунајтед. И пред десет години тој го напушти „Олд Трафорд“ пред да се врати таму.

Клубот му посака успех во понатамошната кариера.

- Оглас -

Најнови вести