Ти брани се колку сакаш, топката вака или така ќе влезе во голот (видео)

Покрај толку мајстории за викенд, мора да има и еден ваков комичен гол. Се случи во фудбалската лига во Хондурас, а го изрежираа фудбалерите на Олимпија Депортиво.

Јуниор Лакајо е стрелецот на голот, а за гостинските играчи да слават за 2-0, потребни им беа четири обиди да ја затресат мрежата. Рамката од голот во два наврати му беше сојузник на домашниот голман, третиот шут заврши во еден од одбанбените играчи, па дури четвртиот обид се покажа како среќен.

https://twitter.com/DeportesTVC/status/1175921512995532801

- Оглас -

Најнови вести