Македонскиот кошаркарски репрезентативец и лидер на францускиот Париз, Ти Џеј Шортс, ја доби наградата за најкорисен играч на 32-то коло во Евролигата.
Шортс одигра блескав меч против Панатинаикос, водејќи го својот тим до голема победа на гостински терен со 98-101. За 30 минути поминати на паркетот, американскиот плејмејкер забележа импресивни 20 поени, 14 асистенции и девет скока, со индекс на корисност 36.
Ова е четврти пат оваа сезона Ти Џеј Шортс да биде избран за МВП на коло во најсилното европско натпреварување, потврдувајќи дека е еден од највлијателните играчи во Евролигата.