Ти-Џеј Шортс му донесе титула на Париз, а на трибините се славеше и со македонски знамиња

Париз ја освои својата прва титула во француската кошаркарска лига победувајќи го Монако со 99-93 во одлучувачкиот натпревар од финалето на плејофот и триумфирајќи со 3-2 во серијата. Со тоа клуб од главниот град стана шампион и во фудбал и во кошарка оваа сезона.

И на овој меч блескаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, а на трибините се славеше и со македонски знамиња.

Париз доминираше на почетокот со +17 предност, но Монако направи пресврт и поведе со 75-66. Сепак, предводени од Ти-Џеј Шортс, кој постигна 27 поени со 10 асистенции и 7 скока, и поддржани од домашната публика, парижаните направија серија во последната четвртина и ја заверија титулата.

Покрај Шортс, Хифи постигна 16 поени, а Кватара и Ворд по 11. Кај Монако најефикасен беше Алфа Дијало со 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести