Ти-Џеј Шортс од следната сезона во Барселона?

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс игра одлично во дресот на Париз оваа сезона, а неговите импресивни настапи во Евролигата го привлекоа вниманието на шпанскиот гигант Барселона.

Барселона планира значително да го реновира својот состав за следната сезона, а според каталонскиот медиум „Спорт“, едно од потенцијалните засилувања е токму Ти-Џеј Шортс.

Оваа сезона Шортс во Евролигата во просек бележи 18,8 поени, 2,7 скокови и седум асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести