35.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Ти Џеј Шортс пред шест години немал ни 10 долари на сметка, а сега стана милионер

Новиот кошаркар на Црвена Звезда, Чима Монеке, раскажа за „Евро Инсајдерс“ фантастична и многу инспиративна приказна за најголемата сензација од минатата сезона во Евролигата, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.

Пријателството помеѓу Чимо Монеке и Шортс кој е нов плејмејкер на Панатинаикос датира од нивните студентски денови, кога играа заедно за Калифорнискиот универзитет во Калифорнија, УС Дејвис.

Во време кога Ти Џеј Шортс штотуку завршуваше со колеџот и бараше професионален ангажман, додека Чима Монеке веќе играше за Денана, во втората лига на Франција. Во едно интервју, тој се сеќава колку бил среќен кога неговиот агент му се јавил еден летен ден во 2019 година и му кажал дека добил понуда од првата лига и дека ако ја прифати понудата, ќе заработува 8.000 евра месечно, наместо 2.000 колку што имал дотогаш.

„Истото тоа лето, се сеќавам, разговарав со Т.Џ. кој штотуку дипломирал. Разговаравме за иднината, за кариери и размислувавме колку сме сиромашни. Се сеќавам дека тогаш ми рече дека не верува дека има 10 долари на сметката. Му одговорив: „Ајде, мора да имаш барем 10“ – рече Монеке.

Потоа Ти-Џеј Шортс го извадил телефонот и му го покажал салдото на сметката.

„Всушност, тој имал само 9,87 долари. Вака е создадена нашата фотографија, која можеби сте ја виделе на социјалните мрежи. Тој немаше ни 10 долари, а јас мислев дека сум успеал со 8.000 долари месечно“, открива Монеке.

Шест години подоцна, Чима Монеке и Ти Џеј Шортс, ако им се верува на европските медиуми, потпишаа рекордни договори во своите кариери. Иако точните бројки не се познати, нема сомнение дека Монеке во Црвена Звезда, или Шортс во Панатинаикос, ќе заработат стотици илјади, ако не и неколку милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести