Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, во новата сезона од Бундеслигата се сели во француската ЛНБ-лига.
Шортс потпиша едногодишен договор со екипата на Париз и во следната сезона ќе настапува во францускиот шампионат, а трансферот го потврди новиот клуб на македонскиот репрезентативец.
Париз минатата сезона заврши на деветтото место и не успеа да обезбеди пласман во разигрувањето за титулата, но во новата сезона амбициите на управата се поголеми.
TJ Shorts est parisien ‼️✍️https://t.co/xwkXjELRWL pic.twitter.com/FPDpXApiCZ
— Paris Basketball (@ParisBasketball) August 2, 2023
Бекот минатата сезона одигра фантастично, со Телеком Бон триумфира во Лигата на шампионите на ФИБА и играше во финалето на плеј-офот во Бундеслигата каде загуби од Улм.
Шортс беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната и на завршниот турнир во Лигата на шампионите на ФИБА. Бекот моментно се наоѓа на подготовки со македонската репрезентација пред претстојниот претквалификациски турнир за пласман на ОИ во Париз 2024, кои ќе се одржи во Талин, Естонија.