Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс нема да патува на подготовките на Панатинаикос во Австралија поради болест, која го принуди да заврши во болница.
Шортс, кој ова лето пристигна во редовите на Панатинаикос од Париз како големо засилување, ќе го пропушти првиот дел од подготовките за новата сезона.
Според информациите од Грција, тој е хоспитализиран поради сериозна вирусна инфекција. Засега не е прецизирано за каква инфекција станува збор, но се наведува дека ситуацијата е сериозна и дека дефинитивно нема да патува во Австралија.
Грчките медиуми пренесуваат дека неговото опоравување ќе трае подолг временски период.