„Тие играат, а ние не“, што зборувале Дешан и Мбапе на полувремето против Аргентина? (Видео)

Се појавија снимки од соблекувалната на француската репрезентација за време на полувремето од финалето против Аргентина на СП во Катар.

Овие снимки покажуваат дека селекторот Дидие Дешан и ѕвездата Килијан Мбапе биле многу лути и незадоволни, што е разбираливо, со оглед на тоа дека Аргентина водеше со 2-0, а Франција немаше ниту еден шут кон противничкиот гол.

Дешан направи двојна измена уште пред полувремето, кога ги извади од игра Оливие Жиру и Усман Дембеле.

„Момци, ајде без навреди. Сфаќате ли каква е разликата? Тие играат на ова еб.но финале, а ние – не!”, вели Дешан, по што удира по масата.

„Не сум задоволен, но имаме силен карактер. Требва да веруваме до крај, сешто може да се случи”, додал селекторот.

И Килијан Мбапе се обидел да ги мотивира соиграчите.

„Полошо од ова не може да биде. Нема да им дозволиме да играат на ист начин, тоа би било глупаво. Ова е финале на Светско првенство, може да се случи еднаш во четири години. Мора да влегуваме во дуели, можеме да се вратиме“, вели Мбапе, а во тоа време Дешан молчи и нервозно шета низ соблекувалната.

https://twitter.com/i/status/1605329220858699776

- Оглас -

Најнови вести