Тигрес – Пуелба (02ч – Мексико, Прва лига, втор дел од сезоната, 11-то коло)
Тигрес со петте ремија во низа во шампионатот си направи проблеми на табелата и сега се бори да остане во позиција која води во разигрувањата. За крај на таа нерешена серија им гостува противник по мерка, тимот на Пуелба, кој се наоѓа при дното и е без победа веќе три меча.
Иако уште ги држи поразот од Крус Азул во финалето од КОНКАКАФ купот, фудбалерите на Тигрес мора вечера да проработат и да остварат позитивен резултат. Знаејќи дека добија два од последните три дуели против Пуелба, притоа победите се остварени со убедливи 4-0 и 6-1, јасно е дека Тигрес е голем фаворит во пресрет на овој меч. Воедно се очекува да се разбуди и искусниот Жињак, и да стави крај на „сушниот период“ во кој веќе девет натпревари е без погодок.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.02)
Леон – Атлас (04ч – Мексико, Прва лига, втор дел од сезоната, 11-то коло)
По поразот од Монтереј, екипата на Леон направи непобедлива серија од шест меча во која оствари четири победи со просек од речиси четири гола по натпревар. Токму затоа и се бори со Сантос Лагуна за челната позиција, а ноќеска може и да ги престигнат доколку остварат резултат во нивна полза.
Тоа не би требало да биде проблем бидејќи Леон се соочува со тимот на Атлас, кој претрпе три порази во последните пет кола, а воедно не играат добро како гости. Последниот дуел меѓу овие две екипи во кој тимот на Леон бил домаќин заврши со резултат од 5-2, а знаејќи дека домаќините се во одлична форма, нема да биде изненадување сличен исход.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.45)
Мемфис – Питсбург (02ч – УСЛ шампионат)
Влегувајќи во финишот од регуларниот дел во втората американска лига, Питсбург е на добар пат да го потврди учеството во разигрувањата бидејќи е петти на табелата со 52 бода. Со голема самодоверба ноќеска гостува кај тимот на Мемфис, знаејќи дека во изминатите 12 меча оствари 8 победи, три ремија и само еден пораз.
Но, и Мемфис е во добра форма, нанижа четири победи по дебаклот од Тампа беј, но се чини дека ова е задоцнета реакција бидејќи десеттото место, кое води во плејофот, му бега за осум бода. Единствената средба на овие две екипи во 2019 година се одигра во август. Питсбург како домаќин беше немилосрден со 5-0, а и вечерва е фаворит и покрај тоа што играат во непријателска атмосфера. Може да се очекува и отпор на Мемфис, па мечот да биде збогатен со погодоци.
Предлог тип: X2 & 3-5 (2.60)
Ботафого СП – Операрио (00:15ч – Серија Б, 24-то коло)
Ботафого со евентуален триумф, може да се искачи на четвртото место на табелата, кое води во разигрувањата за промоција во бразилската елита. Со оглед на тоа дека до крајот остануваат уште 14 кола, секој бод е драгоцен за да се оствари таа цел. Сепак, колку што Ботафого посакува победа, за таа цел ќе се бори и гостинскиот состав на Операрио. Двете екипи имаат идентичен број бодови (35) на делба на петтото место, што покажува колку е клучен овој меч.
Во три досегашни средби и двете екипи имаат по еден триумф, а еден меч заврши со нерешени 2-2. На тие три меча имало минимално по два гола, затоа и ноќеска може да се очекува отворен фудбал кој ќе придонесе со голови.
Предлог тип: 1+I & 1+II (2.15)