Тијаго се збогува со Баварците пред преселбата на „Енфилд“ (видео)

Тијаго Алкантара се збогува со соиграчите и стручниот штаб во Баерн Минхен во пресрет на неговиот трансфер во Ливерпул. Шпанскиот репрезентативец наскоро ќе биде промовиран во нов играч на англискиот шампион за сума од 30 милиони евра, а „Алијанц арената“ ја напушта по цели седум години.

„Ја донесов најтешката одлука во мојата кариера. По седум години, одлучив да го затворам моето поглавје во Баерн. Минав многу прекрасни моменти, заедно освоивме сè што може да се освои, воедно ги исполнив сите соништа како фудбалер. Во Баерн си најдов уште едно семејство покрај моето кое никогаш нема да го заборавам. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Алкантара во прошталното писмо.

Тијаго во летото 2013 година од Барселона се пресели во редовите на актуелниот европски првак, каде што во седум години освои 16 трофеи, од кои две се титули во ЛШ и седум последователни титули во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести