Тијаго Силва: Не му се плашам на Халанд

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, бразилскиот ветеран Тијаго Силва, изрази увереност дека тој и колегите од тимот ќе знаат како да се одбранат од новата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

ПСЖ задутре гостува во Дортмунд во првата средба од осминафиналето во Лигата на шампионите, а реваншот е на 11 март во Париз.

„Тој дава многу голови. Девет погодоци на шест меча е неверојатно, исклучителен резултат. Се надевам дека ќе бидеме доволно внимателни и нема да му дозволиме да ни дава голови и на нас. Се радувам што ќе играм против таков фудбалер. Мотивирани сме, и не се плашиме од Халанд, но многу го цениме. Секогаш постои респект за феноменалните фудбалери” – изјави Силва.

Овој двобој ќе биде интересен поради дуелот на најдобрите млади напаѓачи во Европа, Килијан Мбапе против Халанд, но и поради тоа што тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, е екс тренер на Борусија.

do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести