Тики-така на Бохум против Баерн Минхен – Фаворитот сензационално прими четири гола во првото полувреме (ВИДЕО)

Баерн Минхен по првото полувреме губи неверјоатни 4:1 против Бохум. Да, добро прочитавте, најдобриот германски тим има катастрофално прво полувреме на гостувањето и покрај тоа што поведе со голот на Левандовски во деветтата минута.

Домаќините демонстрираат навистина убав фудбал и со головите на Антви Адчеи (14′), Локадија од пенал во 34-та, Гамбоа во 40-та и Холтман во 44-та минута, му приредуваат вистински шок на фаворитот.

Дека Бохум игра навистина фантасично прво полувреме, покажува и ова видео на кое голот за 3:1 е своевидна тики-така.

- Оглас -

Најнови вести