Тикет како за мерак на прогнозерите

Играњето на Спортска прогноза освен тоа што ви нуди шанса да добиете вредни награди, може да ви даде вистинска насока околу тоа како полесно да направите добитно ливче во обложувалниците на Sport Life. Внимателно треба да ги следите размислувањата и очекувањата на околу 600 играчи на Спортска прогноза и тоа може да ве насочи кон вистинските типови за играње.

Денеска на програмата се дури шест дуели од понудата на Спортска прогноза и тоа е одлична шанса да се направи интересен тикет. Возбудувањата ќе започнат со мечот Мадервел – Хартс во 13:15 часот, а гостите се фаворити. За победа на Хартс прогнозирале преку 47 отсто од играчите на Спортска прогноза. За триумф на гостите, во обложувалниците на Sport Life има одличен коефициент 2,45.

Над 50 отсто веруваат дека Бриж на свој терен ќе ги освои трите бода против Генк во белгиското првенство. Ова е дерби меч, а коефициентот за победа на Бриж е 2,50. Од сите денешни дуели, најголема дилема кај прогнозерите има за мечот меѓу Емполи и Сасуоло. Речиси е израмнет процентот, по 31 отсто веруваат дека ќе победи или домаќинот или гостинот, а безмалку 38 отсто очекуваат да биде нерешено. За „икс“, коефициентот е 3,45.

Андерлехт игра на гости кај Антверпен, но и покрај тоа е фаворит, а 56,44 отсто веруваат во „двојка“ на овој натпревар. Победа на гостите е со коефициент 2,65. Дербито од грчкото првенство е во Атина каде Олимпијакос игра против АЕК. Иако се работи за градски ривали, 72,66 отсто очекуваат победа на домаќинот, а коефициентот е 1,90.

Последниот меч за денеска од Спортска прогноза е меѓу Спортинг Лисабон и Брага. За гигантот од Лисабон типувале 64,9 отсто од прогнозерите, што значи дека „единица“ е најочекуван знак. Коефициентот е 2,60.

Овие шест меча, со овие шест фикса даваат одличен вкупен коефициент од 276,62, па сигурно вреди да се проба да се одигра во обложувалниците на Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести