Тикет на годината: обложувач од Скопје со 50 денари уплата освои 1 милион бруто, а не се ни препотувал од страв (Фото)

Саботата беше среќна и незаборавна за еден обложувач кој уплатил 50 денари во објектот на Sport Life во близина на Католичката црква во центарот на Скопје. На тикетот со бруто-добивка од 1.000.000 денари има осум меча со огромна вкупна квота од 37.695 и сите се точно прогнозирани, па овој играч е побогат за 850 илјади денари.

На тикетот има и мечеви со огромни квоти, но резултатите одеа како подмачкани, освен можеби Кремонезе – Специја, каде што не смееја да паднат повеќе од два гола, а во 77-мата минута беше постигнат вториот гол, па стравот да не падне гол траел 15-тина минути. Нема мечеви на кои гол за добивка падна во 90-та минута или слично.

ПОБЕДАТА НА РЕАЛ МАДРИД ВО КУПОТ ДОНЕСЕ ГОЛЕМА ДОБИВКА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во Гевгелија, 100 денари уплата беа претворени во бруто-добивка од над 114.000 денари благодарение на точно прогнозирани 11 фудбалски мечеви од саботата, од кои десет се на конечен тип, а 11-тиот и последен кој се чекал да заврши малку пред полноќ, беше Реал Мадрид – Осасуна, каде што е прогнозирано 1-1 и 2+.

Реал водеше на полувреме, победи на крај, а паднаа и повеќе од два гола, па на гевгеличанецот му падна камен од срце кога судијата отсвире крај на финалето на шпанскиот куп.

САМО ДВА ПОГОДЕНИ ИСХОДИ, А 500 ЕВРА ДОБИВКА

Прогнозер кој во петокот вложил 200 денари на уплатното место на Sport Life во трговскиот центар Сити мол во Скопје има добитен тикет кој носи исплата од околу 500 евра. На тикетот се само два натпревари од Бундеслигата, но и тоа беше доволно за одлична заработка.

Прецизно е погодено дека дуелите Мајнц – Шалке и Баер Леверкузен – Келн ќе завршат со „два во два“ и дека ќе има три или повеќе голови. На овие мечеви не изостана драмата.

На мечот во Леверкузен сите три гола паднаа во првото полувреме, Баер не успеа да изедначи во вториот дел, а во Мајнц резултатот беше 2-2 до 12-тата минута од судиското продолжение, кога гостите реализираа пенал за победа.

- Оглас -

Најнови вести