Тикет од соништата каков што секој би сакал да има: Погодени се шест точни резултати! (Фото)

Еден обложувач кој вчера во објект на Sport Life во Гевгелија уплатил 20 денари на тикет со шест меча од бразилското првенство, го одбележа викендов како најуспешен прогнозер.

Ќе си речете шест погодени натпревари и не се нешто невидено. Така е, но овој тикет го гледате и пак не ви се верува што гледате со сопствените очи. Погодени се шест точни резултати.

Играно е систем 5/6, па и со пет погодоци тикетот ќе беше добитен, но вака е поспектакуларно, сите шест резултати се точно погодени. Големи беа шансите мечот Брагантино – Сеара да не заврши со прогнозираните 1-1, но, за среќа на гевгеличанецот, гостите го отворија резултатот од пенал во 80-тата минута, а домашните изедначија, исто така од пенал, дури во 13-тата минута од судиското продолжение.

ИГРАТА „ГОЛ-ГОЛ ПРВО“ ДОНЕСЕ СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СЕВЕР

Голема добивка над 200.000 денари има и еден скопјанец кој уплатил тикет во Sport Life во Скопје Север. Уплатата е 300 денари, а прогнозирано е дека на четири меча во втората лига во Франција, двата тима ќе даваат гол во прво полувреме.

Квотите се одлични, затоа и добивката е одлична.

ТЕТОВЕЦ СО УПЛАТА ОД 200 ДЕНАРИ, ДО ДОБИВКА ОД РЕЧИСИ 200.000

Во Тетово уплата од 200 денари и шест точни прогнози на обложувач му донесоа бруто добивка од 199.204 денари. Играни се комбинации на конечен тип со број на голови или дека двата тима ќе дадат гол заедно со конечен тип, како и дека на Порто – Спортинг ќе има 1-2 гола во двете полувремиња.

Во Sport Life во скопско Шуто Оризари има добитен тикет вреден 96.521 денар, а на кој се уплатени само 50 денари. Добивката на овој играч му ја донесе комбинацијата голови на четири фудбалски натпревари играни вчера во Ирска, Португалија, Турција и Франција.

Се барало тимови да даваат по два гола во прво полувреме, а да има гол и во вториот дел.

- Оглас -

Најнови вести