Тикет од соништата: радовишанец ги погоди двете најтешки прогнози (Фото)

Во средата додека најголемиот дел обложувачи го чекаа исходот на мечот Реал Мадрид – Баерн Минхен од Лигата на шампионите, еден радовишанец беше позаинтересиран како ќе завршат дуелите кои тој ги одиграл на тикетот уплатен во објект на Sport Life во овој град на истокот на Македонија.

Радовишанецот вложил 200 денари на најтешките игри за кои има најголеми квоти, а тоа се 7+ голови и пресврт „два во еден“. За негова среќа, резултатите излегоа по негов вкус и има бруто добивка од околу 1.000 евра.

Најпрвин чекал Молде да победи против Сарпсборг во Купот на Норвешка, но требаше гостите да водат по првото полувреме. Сарпсборг имаше предност од 1-0 по првите 45 минути, а на крај фаворитот Молде славеше со 4-2.

На мечот Есен – Ирдинген од германската регионална Оберлига на областа Долна Рајна, типувано е 7+. Седмиот гол падна во 86-та минута, а потоа напаѓачите се „распукаа“, и натпреварот заврши со неверојатни 6-4.

- Оглас -

Најнови вести