Тикет со квота 5.000 за малку не стана добитен со милионска сума (Фото)

Обложувач од Богданци синоќа во објект на Sport Life во овој град на југот на Македонија уплатил два тикети, кои ако беа добитни, ќе му донесеа добивка од над 1 милион денари, а вака може жали што погодил „статива“ бидејќи од десетте меча, само три гола му фалеа за огромната заработка.

Рома и Селтик се виновници што овој тикет со уплата од 200 денари не беше добитен. Селтик победи против Ливингстон со 3-0, сите три погодоци паднаа во првото полувреме, а потребни беа четири гола, но во вториот дел немаше гол.

Кај Рома недостасуваа два погодока. Типувано е Волчицата да му даде три гола на Кремонезе, а тимот на тренерот Жозе Мурињо даде само еден, и тоа во последните секунди од мечот.

Истиот тикет е уплатен и на 50 денари, со можна добивка од над 200.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести