Тикет со среќна 7-ца од Спортска прогноза за мерак добивка

Борбата за добивки на Спортска прогноза во ова коло ќе се разгори денеска. На програмата има дури седум мечеви кои се на понудата, а речиси 550 играчи на Спортска прогноза го дадоа своето мислење за овие дуели. Возбудувањата започнуваат точно на пладне со дуелот Селта – Бетис. Безмалку 50 отсто очекуваат победа на Селта, но интересно е што дури 30 отсто мислат дека ќе биде нерешено. Како и да е гостите се речиси без шанси, а ако се игра на Селта, коефициентот во обложувалниците на Sport Life е 2,55.

Во 13 часот се игра градското дерби на Бирмингем. Истоимениот домаќин ја пречекува Астон Вила. Иако Бирмингем е домаќин, прогнозиерите даваат најмалку шанси за „кец“. Речиси 37 отсто веруваат дека ќе биде нерешено, а 46 отсто се за победа на гостите. Кога е дерби, „иксот“ многу пати е и добра опција, а овојпат тој „вреди“ 3,40 коефициент.

Најмногу верба дека ќе има уште еден нерешен дуел и тоа во француското првенство меѓу Сент Етјен и Лил. Дури 41 отсро се за меч без победник, речиси 40 отсто веруваат дека трите бода ќе ги освои домаќинот, а за триумф на Лил се даваат едвај 20 отсто. Иксот за овој меч е 3,15.

Победа на гостите се очекува на мечевите Сампдорија – Аталанта и Жирона – Валенсија. Во Аталанта веруваат 43 отсто од прогнозерите, а 36 отсто се за нерешено. Валенсија е со поголеми шанси и за нејзе се над 56 отсто, а во реми се надеваат 32 отсто. „Двојката“ за Валенсија е 2,50, а за победа на Аталанта коефициентот во Sport Life e 2,20.

Двете дерби дуели се оставени за крајот на денот. Арсенал го пречекува Манчестер јунајтед, а прогнозерите се во голема дилема. За победа на Манчестер се 35,23 отсто од прогнозерите, а за радост на Арсенал се 34,5 отсто. Разликата е само во четири гласа, во корист на „црвените ѓаволи“ за кого коефициентот е 2,90.

Последен меч за денеска е дербито во Серија А, меѓу Фиорентина и Лацио. За победа на домаќините се 41 отсто од прогнозите, а ремито е речиси 30 отсто, додека за победа на Лацио се надеваат 29 отсто. „Кецот“ за овој меч е 2,85.

Ако се соберат коефициентите на мечевите според најголемито број на добиени гласови, може да се направи интересно ливче кое ќе има вкупен коефициент од неверојатни 1.241 во Sport Life. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести