Тројца прогнозери ги имаат погодено сите пет саботни мечеви и во игра се за 13-ка на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Мартин, Јованчо и Никола вчера ги избегнаа „мините“, беа во прилично малите групи на прогнозери кои ги погодија победите на Вардар и Менхенгладбах, како и ремито на Хофенхајм со Аугзбург. Но, патот до 13-ка и изборот на подарок е долг, треба да се погодат и денешните осум натпревари од основната понуда.
Ако верувате во типовите на мнозинството, за денеска се нуди одличен тикет со осум меча и вкупната квота е многу голема.
Замислениот денешен тикет во Sport Life според желбите на мнозинството играчи на Спортска прогноза би изгледал вака:
1306 Хетафе – Вилјареал 2
1705 Тулуз – Брест Х
3006 Фиорентина – Аталанта 2
1808 Фрајбург – Унион Берлин 1
1709 Ле Авр – Нант Х2
1308 Валенсија – Мајорка 1
3008 Наполи – Милан 1
1309 Бетис – Севилја 1