Тикетот е недобитен, а во Берово сепак донесе ќар од над 2.500 евра (Фото)

Пет меча кои синоќа се одиграа во најсилните европски лиги донесоа многу возбудувања, а еден тикет одигран од Берово донесе голема добивка, иако на крајот беше недобитен. На петте одиграни меча, тактиката била иста, а тоа е да победат гостите, односно да бидат пет „двојки“.

Фрајбург со 2:1 победи на гости кај Сент Паули, и тоа со пресврт во второто полувреме. Сент Паули водеше на полувреме, а гостите со два гола во вториот дел стигнаа до победа. Слично беше и на француската пресметка меѓу Олимпик Марсеј и Лил. Домаќините водеа со 1:0, но Лил во второто полувреме постигна два гола и стигна до победа од 2:1. На гости се радуваше и Лацио кај Болоња со 2:0.

Финалето на Лига купот на Англија меѓу Арсенал и Манчестер сити донесе многу возбудувања, а на крајот Граѓаните со два гола во второто полувреме победија со 2:0.

Последниот меч на тикетот беше мадридското дерби меѓу Реал и Атлетико, а и тука опцијата било победа на гостите. Атлетико на полувремето водеше со 1:0, а обложувачот тогаш решил дека е време да побара Cash Out, односно предвремена исплата на тикетот.

Првично тикетот кој е уплатен со 1.000 денари, носел вкупна добивка од 374.636 денари, а со Cash Out си заработи 162.236 денари, односно малку повеќе од 2.500 евра. На крајот оваа одлука да добие Cash Out се покажа како одлиучен потег затоа што Реал Мадрид во второто полувреме заигра многу подобро и направи пресврт, па на крајот Кралскиот клуб славеше со 3:2 над Атлетико Мадрид.

Доколку не беше направен Cash Out на овој тикет од Берово, на крајот обложувачот ќе останеше без добивка затоа што Атлетико загуби, но благодарение на можноста која ја нуди Sport Life, сега се радува на ќар од повеќе од 2.500 евра.

- Оглас -

Најнови вести