Дефанзивците на Бенфика се обидоа да ја одиграат познатата тики-така со куси и брзи додавања, но еден кикс во опасната зона ги чинеше гол, а беше вистинско ремек-дело на Густаво Афонсо.
Играчот на Боависта не се мислеше премногу откако топката дојде до него и со вистинска бомба постигна еврогол за израмнување на 1:1.
Прекрасниот погодок на гостинскиот играч во 32-рата минута можете да го погледнете ОВДЕ.
За среќа на Бенфика, Јулијан Вајгл, играчот што погреши при израмнувачкиот гол на Боависта, само 120 секунди подоцна постигна и втор гол за фаворитот со кој популарните Орли водат со 2:1 по првото полувреме.