Водечката екипа во австралиското првенство Мелбурн сити успеа убедливо со 3:1 да го победи Њукасл џетс во меч од 20-тото коло, а вториот гол потсети на познатата тики-така филозофија, што најдобро ја играше Барселона.
Со над 15 допири на топката на играчите на Мелбурн во долга акција со куси и прецизни додавања, домаќините успеаја да изградат ситуација за удар, а голот на Њукасл го погоди Скот Џејмисон во 53-тата минута, во тој момент за 2:0.
Melbourne City [2]-0 Newcastle Jets | A class of tikitaka with a goal by Jamieson at 59′ from soccer
Мелбурн рутински го победи последнопласираниот тим во австралиското првенство и остана лидер и главен фаворит за титулата.