Тиквеш доби ривал од Исланд за европското деби, Шкендија против ривал од Ерменија

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш, во дебито на европската сцена ќе игра против Брејдаблик од Исланд, во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Тиквеш ќе биде домаќин на првиот меч кој ќе се игра на 11 јули, а реваншот ќе биде на теренот противникот седум дена подоцна.

И Шкендија го доби својот ривал во оваа фаза. Тетовци ќе играат против Ноах од Ерменија и ќе гостуваат на првиот дуел, а седум дена подоцна ќе бидат домаќини во реваншот.

- Оглас -

Најнови вести