Денеска се играат два меча во Првата фудбалска лига на Македонија, со кои треба да се комплетира третото коло. Башкими во Куманово го пречекува Тиквеш, а Пелистер ќе биде домаќин на Шкупи.
Спред квотите, Тиквеш ќе ја има фаворитската улога во Куманово, а гостите од Кавадарци најавуваат атак на трите бода.
„На стартот на шампионатот можевме многу подобро. Испуштивме бодови во првите две кола и тоа е нешто за што може да жалиме. Сепак, не смееме премногу да размислуваме за минатото. Имаме квалитетен тим, кој може да конкурира за горните позиции на табелата. Денеска нè очекува тежок натпревар со квалитетен противник, но убеден сум дека сè е во наши раце. Имавме доволно време да се подготвиме, знаеме што нè очекува. Сепак, верувам дека можеме да дојдеме до победа и со три бода да се вратиме од Куманово“, изјави Дарко Илиески.
Пелистер е во улога на голем фаворит против Шкупи, екипа која е во финансиска криза, па дури и не го одигра натпреварот од второто коло. Чаирчани сепак сега треба да отпатуваат во Битола и да излезат на мегдан против Пелистер.