Тиквеш го декласира Лабуништа со 6:3 и го предизвикува Силекс за Прва Лига

Тиквеш ќе игра против Силекс во бараж меч за настап во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска во меч со 9 гола го победи Лабуништа со 6:3.

Кавадарчани беа убедливи и за само 20 минути на стартот од мечот во Ѓорче Петров со три гола направија недостижна разлика.

Илиевски, Мојсов и Ивановски м у донесоа предност на Тиквеш од 3:0, а потоа Клечкаровски погоди за Лабуништа од пенал. Со предност од 3:1 за подобриот тим заврши првиот дел, а голеадата на невремето во Скопје продолжи и во вториот дел.

Мојсов со уште еден гол и Делов со погодок по еден час игра му донесоа на Тиквеш предност од 5:1, па противникот на Силекс веќе беше познат.

Митрев го постигна последниот гол за Тиквеш, а за Лабуништа погодија Реџепи и повторно Клечкаровски од пенал.

- Оглас -

Најнови вести