Тиквеш ја победи Македонија ЃП со 2-1, а Арсими беше поуспешен од Шкупи и славеше со 4-2 на дуелот во Гостивар. Ова е епилогот на двата денешни натпревари од Првата фудбалска лига.
Берат Садик во деветтата минута со удар со глава донесе водство за Тиквеш на натпреварот во Кавадарци, а Ѓорѓи Стоилов од пенал израмни во 58-та минута. Сепак, Тиквеш стигна до триумф, со голот на Иван Ивановски во 68-та минута.
Арсими го победи Шкупи со 4-2. Тимот од Чаир и во осмото коло остана без освоен бод. Шкупи успеа да израмни на 2-2 во 76-та минута, но Арсими со два гола во финишот стигна до триумф.