Екипите на Тиквеш и Башкими ги искористија домашните терени и стигнаа до три бодови по дуелите против Пелистер односно Македонија Ѓорче Петров. Тиквеш во Кавадарци минимално со 1:0 го победи Пелистер, а клучниот момент се случи во 38 минута кога прецизен беше Мартин Стојанов по асистенција на Стојкоски.
Во второто полувреме двата тима имаа свои шанси, а Пелистер најдобрата можност да израмнат ја имаа во 90 минута кога ударот на Керим беше изблокиран од самата гол-линија. Со оваа победа, Тиквеш стигна до 30 бодови и е на шестото место, додека Пелистер остана на 21 бодови и е на 10-тото место.

Во Куманово, Башкими во последните 15 минути го скрши отпорот на Македонија ЃП. Кумановци поведоа со 1:0 во 75 минута, а сите дилеми беа решени кога домаќините погодија за 2:0 во 84 минута.
Со оваа победа Башкими стигна до 32 бодови и е на петото место на табелата, додека Македонија ЃП остана на 23 бодови и е на деветата позиција на табелата.

